Ортопедија
Дијагностика и третман на мускуло-скелетни заболувања
Кога ќе почувствувате болка во мускул, тетива, лигамент или зглоб, ВЕДНАШ побарајте помош од специјалист ортопед.
Најчесто, причината за болка во долниот дел од 'рбетот се повреди на меките ткива. Овие повреди вклучуваат оштетувања на меѓупршленските дискуси, компресија на нервните корени или неправилно движење на меѓупршленските зглобови.
Убедливо најчеста причина за болка во долниот дел од грбот е истегнат мускул и/или лигамент. Од практични причини, не е битно дали е оштетен мускулот или лигаментот, затоа што симптомите и третманот се исти. Ова може да настане ненадејно, или постепено да се развие поради повторувачки движења.
Болката може да се смета за хронична ако трае подолго од 3 месеци.
Вообичаени причини за истегнување се:
Кревање на тежок предмет или странично извиткување на 'рбетот за време на кревањето
Ненадејно движење кое предизвикува премногу стрес врз долниот дел од грбот како што е на пр. паѓање
Долготраен лош постурален став
Спортски повреди особено кај оние спортови што вклучуваат извиткувања или силни удари
Ехо преглед на мускуло-скелетен систем кај возрасни и колкови кај бебиња.
Комплетен ортопедски физикален преглед и контрола.
Апликација на кортикостероиди, анестетици, хијалуронска киселина и ПРП.
Поставување и вадење на мал и голем гипсен завој.
Сутура на рани, мали и големи хируршки интервенции.