ПЗУ Белиот Цвет
ПЗУ Белиот Цвет ПЗУ Белиот Цвет

Цар Самуил, с.Банско, Струмица

Пон – Пет: 08:00 - 16:00ч.

Саб - Нед: - Затворено

ПЗУ Белиот Цвет ПЗУ Белиот Цвет
  • Дома
  • Цар Самуил
  • За Нас
  • Услуги
  • Ценовник
  • Галерија
  • Блог
  • Контакт
  • Закажете
Закажете

Леонардо

  1. ПЗУ Белиот Цвет
  2. Department
  3. Леонардо

Доброто држење (постурален став) на телото е показател за добро мускулно-скелетно здравје.

Потребно е да го ресетираме телото и повторно да воспоставиме здраво држење. Да ја вратиме контролата врз нашата постурална хармонија со прецизно идентификување на неправилните положби на телото како во мирување, така и во движење и да направиме насочени корекции.

Неинвазивен GPS постурален анализатор Leonardo
  • Целта е да се добие реална слика за типот на стапалото и да се дијагностицира одреден неправилен постурален став.

  • Сите информации од статичката и динамичката анализа се користат за дефинирање на терапевтските интервенции насочени програми за вежбање и други корективни активности со интердисциплинарна соработка меѓу лекарите специјалисти.

leonardo
Зошто Leonardo?

Спречување, дијагноза и лекување на голем број дисфункции и повреди

Терапијата за ре-едукација како да го држиме телото и постурологијата брзо добиваат популарност и препознатливост меѓу здравствените експерти. Децениското истражување и искуство кои стојат зад GPS постуралниот анализатор Leonardo ни овозможи подобро да разбереме колку правилното држење на телото значително го подобрува квалитетот на животот.

Неправилното држење е неправилност во положбата и обликот на 'рбетот, рамениците и долните екстемитети, кои не се предизвикани од оштетувања на коските и невромускулниот систем, туку се резултат од недоволно и неправилно функционирање на мускулите, кои може целосно да се санираат доколку се откријат на време.

Станува збор за т.н. функционално нарушување, за разлика од деформитетите. Човекот кој има деформитет не може да го поправи со сопствена физичка активност. Секое функционално нарушување кое трае долго може да предизвика деформитет. Затоа е важно на време да се идентификува секое нарушување на телото и да се спречи трајно оштетување, односно деформација.

  • leonardocarousel
  • leonardocarousel
  • leonardocarousel
  • leonardocarousel
  • leonardocarousel
Кои специјалности имаат уникатни придобивки од проценките и анализите на GPS Leonardo?

Држењето на телото претставува заеднички јазик за различни медицински дисциплини секогаш кога постои интерес за похолистичко разгледување и набљудување на пациентот како дел од програмите за превенција, дијагноза и третман.

  • Ортопеди

  • Ортопедски техничари

  • Физијатри

  • Физиотерапевти

  • Спортски лекари

  • Остеопати

  • Хиропрактичари

  • Кинезиолози

  • Дефектолози

Пребарај
Категории
  • Ортопедија (3)
  • Физијатрија (2)
Најчитани
  • deca
    Развојна дисплазија на колкот

    12/07/2022

  • Статичен и динамичен плантарен притисок на стапалата

    12/07/2022

  • ГПС постурална лабораторија со ЛЕОНАРДО

    12/07/2022

Тагови
адолесценти адолесцентна аис анализа гпс динамика дисплазија доенче држење ехо идиопатска искривување лабораторија леонардо локомоторен мирување неправилно новороденче одење плантарен постурална притисок развојна рбет рехабилитација скен сколиоза стабилност стапала стапало статика тело терапија тренинг ултразвук физикална шаблони
beliotcvetlogo
ПЗУ Белиот Цвет

специјалистичка ординација

E: info@beliotcvet.com

+389 34 345 678

+389 70 239 522

Локација

Цар Самуил, с. Банско, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 08:00 - 16:00ч.

Сабота - Недела -Затворено

  • Дома
  • Цар Самуил
  • За Нас
  • Услуги
  • Ценовник
  • Галерија
  • Блог
  • Контакт

© 2022 Модерм Маркетинг. Сите права се заштитени.