Цар Самуил
Термо-минералните води од природното лекувалиште бања Банско, односно комплексот Цар Самуил имаат уникатни особености и терапевтски ефекти.
Пред сѐ, тие припаѓаат во групата на натриумско – сулфурни, алкални и азотни води кои во себе содржат ретки минерали. Понатаму, ова е најтоплиот термален извор во земјава, со температура и до 73 степени, од голема длабочина и без атмосферски влијанија. Најпосле, лекувачките можности на термо-минералните води се користат уште од римско време, односно од III век.
Поради овие карактеристики, водите од Цар Самуил бања Банско може да помогнат при лекување на следниве состојби и заболувања:
Индикации
Сите невролошки болести
Сите ревматски состојби
Ишијалгија и полиартрит
Гинеколошки заболувања
Заболувања на дишните органи
Болести на органите за варење
Заболувања на срцето и крвните садови
Хормонални нарушувања и алергии
Рехабилитација по скршеници на долгите коски
Рехабилитација по прележан хепатит
Комплетен асортиман на услуги
Што сѐ може да очекувате во Цар Самуил?