Претставува неинвазивен метод за дијагностицирање на промени во колкот кои се јавуваат за време на интраутериниот период, во периодот веднаш по раѓањето и периодот на растење.
Со ехографското испитување се намалува инциденцата од подоцнежна појава на развојна дисплазија на колкот.
Ехографското испитување детектира повеќе нарушување од обичниот клинички преглед.
Децата со нормално ехо имаат помала веројатност за развојна дисплазија на колкот.
Методот не користи зрачење, седација и сл.
Со него се дијагностицира развојна дисплазија на колкот, сублуксација, луксација и нестабилност
Се опредеува начинот на лекување: широк повој, каишки на Павлик, ортози и др.
Претпочитана возраст за преглед е од 45 ден до 3 месец по раѓање
Претставува примарен дијагностички метод за трауматски, воспалителни и дегенеративни промени.
Процедурата се извршува во легната, странична или седната позиција на пациентот.
Се користи за дијагностицирање:
раскинувања на тетиви, лигаменти и мускули.
ганглиозни цисти.
излив во зглобовите и бурсите.
хондрокалциноза (калцификати во тетивите).