ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ – НАСОЧЕНА И УСПЕШНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА
Проценката со GPS постуралната лабораторија за статичко и динамичко држење на пациентот е првиот и последниот чекор на GPS терапевтската интервентна патека.
Правилното држење на телото е показател за добро мускулно-скелетно здравје на секоја индивидуа. Во изминатите години степенот на мускулно – скелетни повреди и нарушувања достигнуваат пандемични размери. Седечкиот и неактивен животен стил, со долги периоди на седење во фиксна позиција доведуваат до лошо статичко и динамично држење на телото. Сето ова го прави невозможно правилното држење движење на телото.
Најважно е да се врати контролата врз постурална хармонија на телото со прецизно идентификување на неправилните позиции и насочени корекции, со цел обнова и воспоставување на правилно држење на телото.
Терапијата и едукацијата за држењето на телото и постурологијата брзо добиваат популарност и препознатливост меѓу медицинската елита и даваат придонес во разбирањето дека правилното држење на телото значително го подобрува квалитетот на животот и спречува лекување на голем број дисфункции и повреди.
Експерти од компанијата Chinesport од Италија со децении работат на усовршување на постуралните лаборатории и се меѓу првите на глобално ниво кои истражуваат и развиваат нови и прецизни алатки за анализа на статичкото и динамичкото држење на телото.
За првпат во Македонија и на Балканот, GPS Postural Labs LEONARDO (Chinesport, Италија) за анализа на статиката и динамиката на телото и скен на стопалата е стациониран во просториите на ПЗУ„Белиот Цвет“ – во склоп на амбулантите за ортопедија и интервенции, како посебна амбуланта за постурална анализа т.н. постурална лабораторија.
Сите GPS постурални лаборатории, вклучително и LEONARDO имаат уникатен софтвер кој овозможува добивање и комбинирање податоци од различни потсистеми и гарантира дека податоците се снимаат на точен, повторлив и сигурен начин. Базата на податоци и снимки за секој пациент му овозможува на докторот да има увид на сите снимањата (пред и потоа) и прецизно да го евидентира напредокот на пациентот низ процесот на третман и рехабилитација.
Општите лекари, специјалистите ортопеди, физијатри, физиотерапевти, хиропрактичари, кинезитерапевти, остеопати и сите други професионалци кои се занимаваат со правилното држење и движење на телото ги препознаа уникатните придобивки од снимањата и анализите на GPS Postural Labs LEONARDO и интердисциплинарен пристап можат да дадат максимален придонес во навремената превенција, лекување и рехабилитација на пациентите.
ПОСТУРАЛЕН АНАЛИЗАТОР LEONARDO
Системот се состои од централна структура со платформа, постурален анализатор и три уреди за добивање слики за статичка анализа на фронталната рамнина, сагиталната рамнина, на подалната потпора и задното стапало и слики за динамична анализа и рамнотежа, во различни моменти кои можат да се зачуваат и споредат.
Стабилометриската платформа со шест оптоварувачки ќелии, му овозможува на пациентот слободно и природно позиционирање со цел да се открие распределбата на телесната тежина помеѓу десната и левата нога и распределбата на тежината на секое стапало на трите точки: референтна, првата метатарзална, петта метатарзална и петица.
Целта е да се добие реална слика за типот на стапалото и да се дијагностицира одреден неправилен постурален став. Сите информации собрани од двата интегрирани системи за статичка и динамичка анализа може да бидат корисни за дефинирање на терапевтски интервенции, насочени програми за вежбање и други корективни активности со интердисциплинарна соработка помеѓу докторите специјалисти.
На крајот од постуралниот преглед, пациентот добива извештај со резултати (споредбени податоци, графикони и слики добиени во различни моменти).
Предност на системот за статичка и динамичка анализа е тоа што не е инвазивен, па затоа може да се повтори по првата посета, во различни периоди во текот на терапевтскиот пат.
Пред да се започне со снимање потребно е да се постави соодветна резолуција за добивање слики за да се овозможи директно мерење на самите слики.
Постуралниот анализатор е опремен и со горно огледало, наменето да го набљудува и можното ротирање на рамената.
Пациентот се поставува на постуралниот анализатор и започнува првата фаза од снимањето:
- Лицето се поставува на постуралниот анализатор за добивање на слики.
- Растојанието на лицето од уредот е однапред одредено и тоа растојание е суштинско за добивање на правилна слика.
- Додека лицето е на платформата, се идентификува и центарот на гравитација и неговата позиција во споредба со идеалната, како и осцилациите на различните рамнини.
Пациентот ќе мора да следи некои правила за неговото правилно позиционирање, за да овозможи последователна споредба на добиените слики во различни моменти.
GPS Postural Labs LEONARDO во својот состав има и платформа наречена Podata која е единствена и оригинална и овозможува две нивоа на анализа. Првото ниво на статичка анализа овозможува добивање на моно или биподалична слика на стапалата на личноста со вистинска големина.
Оттука, добиената слика на стапалата го идентификува типот на стапалото: нормално, шупливо или рамно стапало и во оваа фаза може да се извршат мерења и да се зачуваат заедно со самата слика во електронската евиденција на пациентот за споредба со резултатите во различни моменти/снимања.
Второто ниво на анализа вклучува стекнување на стабилометриски податоци како што е гравитациониот центар и неговата позиција во споредба со идеалната. Се открива и распределбата на телесната тежина на двете стапала, за секое стапало на трите референтни точки на првата метатарзална, петта метатарзална и петица (референца Капанџи)
Во втората фаза пациентот се повикува да се движи на платформата и да следи некои правила за нејзино правилно позиционирање со што уредот овозможува визуелна проверка на држењето на фронталната и сагиталната рамнина, а воедно и се овозможува анализа на стапалата, во статичен или динамичен режим и рамнотежа.
На крајот од анализата, од суштинско значење е да може на пациентите да им се обезбеди извештај од сесијата со цел да се даде повратна информација за сите забележани подобрувања.
Како дел од интердисциплинарна соработка, специјалистот може да му предложи на лицето што се прегледува да контактира со ортопедски техничар со резултатите од снимањето со цел да се направат корективни влошки, кои можат целосно или делумно да претставуваат решение.
Дефиниција на неправилно држење на телото и неговите последици
Неправилното држење се дефинира како неправилност во положбата и формата на ‘рбетот, рамената и долните екстремитети, кои не се предизвикани од оштетување на коските и невромускулниот систем, туку се резултат на недоволно и неправилно функционирање на мускулите и може целосно да се санираат (Srakar, 1994).
Станува збор за таканаречени функционални нарушувања, за разлика од деформитетите, кои може да предизвикаат структурни промени во коските и нервниот систем. Човек кој има деформитет не може да го поправи со сопствена физичка активност. Секое функционално нарушување кое трае долго може да влезе во деформитет. Затоа е важно да се идентификува секое нарушување на телото и да се спречи трајно оштетување – деформација (Baebler, 2000; Vengust & Zupanc).