Доброто држење (постурален став) на телото е показател за добро мускулно-скелетно здравје.
Потребно е да го ресетираме телото и повторно да воспоставиме здраво држење. Да ја вратиме контролата врз нашата постурална хармонија со прецизно идентификување на неправилните положби на телото како во мирување, така и во движење и да направиме насочени корекции.
Целта е да се добие реална слика за типот на стапалото и да се дијагностицира одреден неправилен постурален став.
Сите информации од статичката и динамичката анализа се користат за дефинирање на терапевтските интервенции насочени програми за вежбање и други корективни активности со интердисциплинарна соработка меѓу лекарите специјалисти.
Терапијата за ре-едукација како да го држиме телото и постурологијата брзо добиваат популарност и препознатливост меѓу здравствените експерти. Децениското истражување и искуство кои стојат зад GPS постуралниот анализатор Leonardo ни овозможи подобро да разбереме колку правилното држење на телото значително го подобрува квалитетот на животот.
Неправилното држење е неправилност во положбата и обликот на 'рбетот, рамениците и долните екстемитети, кои не се предизвикани од оштетувања на коските и невромускулниот систем, туку се резултат од недоволно и неправилно функционирање на мускулите, кои може целосно да се санираат доколку се откријат на време.
Станува збор за т.н. функционално нарушување, за разлика од деформитетите. Човекот кој има деформитет не може да го поправи со сопствена физичка активност. Секое функционално нарушување кое трае долго може да предизвика деформитет. Затоа е важно на време да се идентификува секое нарушување на телото и да се спречи трајно оштетување, односно деформација.
Држењето на телото претставува заеднички јазик за различни медицински дисциплини секогаш кога постои интерес за похолистичко разгледување и набљудување на пациентот како дел од програмите за превенција, дијагноза и третман.
Ортопеди
Ортопедски техничари
Физијатри
Физиотерапевти
Спортски лекари
Остеопати
Хиропрактичари
Кинезиолози
Дефектолози