ПЗУ Белиот Цвет
ПЗУ Белиот Цвет ПЗУ Белиот Цвет

Цар Самуил, с.Банско, Струмица

Пон – Пет: 08:00 - 16:00ч.

Саб - Нед: - Затворено

ПЗУ Белиот Цвет ПЗУ Белиот Цвет
  • Дома
  • Цар Самуил
  • За Нас
  • Услуги
  • Ценовник
  • Галерија
  • Блог
  • Контакт
  • Закажете
Закажете

Блог

  1. ПЗУ Белиот Цвет
  2. Блог
  3. Ортопедија
  4. Развојна дисплазија на колкот

Развојна дисплазија на колкот

12/07/2022 by beliotcvet123

Ултразвучниот (ехо) преглед на колковите кај специјалист ортопед е поефикасен начин за рано откривање развојна дисплазија на колкот во споредба со класичниот физикален преглед.

Развојната дисплазија на колкот кај новороденчиња и доенчиња може лесно да се спречи и во 95% од случаите успешно да се лекува САМО АКО се открие рано и на време.

Новороденчето, освен во родилиште, треба да биде прегледано и на возраст од:

  • 6 недели
  • 4 месеци и
  • по проодувањето

Дали знаевте дека…?

  • приближно 1 на 1,000 деца се раѓа со изместен (дислоциран) колк, а 10 во 1,000 може да имаат сублуксација
  • развојната дисплазија на колкот засега 1 на секои 600 девојчиња и 1 на секои 3000 момчиња, при што левиот колк е засегнат 3 пати почесто отколку десниот
  • останатите ризик фактори вклучуваат: фамилијарно наследување и карлична презентација на плодот

Развојната дисплазија на колкот е вообичаена состојба кај децата која може лесно да се спречи. За жал, задоцнетата дијагноза на оваа состојба придонесува за многу повисок ризик од хируршка интервенција и доживотни компликации.

Зошто е тешко да се дијагностицира развојна дисплазија на колкот подоцна во животот?

Затоа што не боли и без ултразвучен (ехо) преглед може да биде тешко да се дијагностицира кај новороденчиња и доенчиња. Први кои вообичаено го забележуваат проблемот се родителите, бабите или дедовците според начинот на кој детето оди.

Како изгледа ултразвучниот преглед на колкови кај новороденчиња и доенчиња?

Докторот ќе побара да го соблечете малото и да ја отстраните пелената. Детенцето ќе биде поставено на масата за преглед на грбче или на страна, како на сликата. Прегледот вообичаено трае околу 20-тина минути. Вообичаено, се прегледуваат двата колкови за споредба.

Би било одлично ако може да го нахраните бебенцето непосредно пред прегледот, во нашата чекалница или некоја од помошните простории во ординацијата. За време на тестот, обично родителите ги смируваат бебчињата со нежен и тивок глас или со пеење на нивната омилена песна. Најбитно е да стоите покрај него така што да може постојано да го гледа Вашето лице.

Tags: дисплазијадоенчеехоновороденчеразвојнаултразвук
  • Share
  • Tweet
  • Linkedin
Поврзани објави
ГПС постурална лабораторија со ЛЕОНАРДО
ГПС постурална лабораторија со ЛЕОНАРДО
12/07/2022 by beliotcvet123

Проценката со GPS постуралната лабораторија за статичко и динамичко држење на пациентот е првиот и последниот чекор на GPS терапевтската...

Статичен и динамичен плантарен притисок на стапалата
Статичен и динамичен плантарен притисок на стапалата
12/07/2022 by beliotcvet123

Се смета дека АИС влијае врз постуралната стабилност и шаблоните за одење поради нејзиниот ефект за поместување на центарот од...

Пребарај
Категории
  • Ортопедија (3)
  • Физијатрија (2)
Најчитани
  • deca
    Развојна дисплазија на колкот

    12/07/2022

  • Статичен и динамичен плантарен притисок на стапалата

    12/07/2022

  • ГПС постурална лабораторија со ЛЕОНАРДО

    12/07/2022

Тагови
адолесценти адолесцентна аис анализа гпс динамика дисплазија доенче држење ехо идиопатска искривување лабораторија леонардо локомоторен мирување неправилно новороденче одење плантарен постурална притисок развојна рбет рехабилитација скен сколиоза стабилност стапала стапало статика тело терапија тренинг ултразвук физикална шаблони
beliotcvetlogo
ПЗУ Белиот Цвет

специјалистичка ординација

E: info@beliotcvet.com

+389 34 345 678

+389 70 239 522

Локација

Цар Самуил, с. Банско, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 08:00 - 16:00ч.

Сабота - Недела -Затворено

  • Дома
  • Цар Самуил
  • За Нас
  • Услуги
  • Ценовник
  • Галерија
  • Блог
  • Контакт

© 2022 Модерм Маркетинг. Сите права се заштитени.